Барди може да се врати во Шпанија, клубот на Роналдо испратил понуда

Во вториот дел од сезоната би можеле да гледаме повеќе Македонци во шпанската Ла Лига, Елиф Елмас се поврзува со Валенсија, додека Енис Барди би можел да заврши во редовите на Ваљадолид

Барди неодамна се раздели со турски Трабзонспор и сега би можел да се врати во Шпанија каде што го носеше дресот на Ваљадолид, клубот кој е во сопственост на легендарниот Роналдо.

Информациите се дека Ваљадолид испратил понуда и го чека одговорот на македонскиот репрезентативец.

Претходно во Ла Лига Барди го носеше дресот на Леванте од каде што замна откако овој клуб испадна во втората шпанска лига.