Фалангата почна да се загрева за Унгарија - во пештера (ФОТО+ВИДЕО)

Вараждин е македонски град денеска, откако припадниците на навивачката Фаланга почнаа да го окупираат овој хрватски град каде што избраниците на селекторот Кирил Лазаров вечерва против Унгарија (20.30) го почнуваат настапот на Светското првенство.

Од Вараждин, Хрватска

ИГОР КРСТЕВСКИ

На улиците во овој град почнува да доминира жолто-црвената боја, видлива на шаловите, капите и дресовите на верните следбеници на нашите спортски херои, со кои заедно се редовни учесници на големите натпреварувања во последните 15-тина години. Кафеаните и пабовите се полнат, а веќе е познато зборното место на најголем дел од Фалангата, која својот поход кон салата ќе го почне од - пештера.

Ова секако не е буквално, туку е дел од името на кафулето "Медина шкриња", каде што во моментов има најмногу Македонци. Тука веќе ечи македонската песна, а се е во боите на Македонија. До почетокот на средбата има уште многу време, што значи уште многу испеани рефрени, навивачки рефрени и секако испиени литри пива.