Кајл Вокер на 35 години прави сензационален трансфер?
„Мундо Депортиво“ пренесува изненадувачка информација дека тоа може да биде Реал Мадрид.
Имено, Реал Мадрид во Вокер гледа идеално краткорочно решение за замена за повредениот Дани Карвахал.
Договорот на искусниот фудбалер со Манчестер сити истекува летото 2026 година, а бидејќи е во четвртата деценија од животот „граѓаните“ нема да му прави проблем и ќе му дозволи да оди во друг клуб.
Звучи изненадувачки, но Вокер на 35 години би можел да се пресели во Реал Мадрид со веројатно договор до крајот на актуелната сезона.