Драма во Мајами: Батлер повторно одби да игра!

Кошаркарот на Мајами хит, Џими Батлер повтори дека не сака да игра за тимот и сака да го напушти клубот во најкраток можен рок.

Батлер јавно побара трејд од Мајами, а првиот човек на тимот, Пет Рајли му одговори дека такво нешто нема да се случи.

Мајами го суспендираше Батлер по неговите коментари во јавноста, меѓутоа му заврши казната и може да се врати во акција, но тој одбива да игра за неговиот тим.

Американскиот кошаркар повторно побарал да биде трејдуван и посочил дека нема да потпише нов договор, туку следното лето ќе замине како слободен играч ако не му најдат тим во меѓувреме.