Фудбалер на Барселона одбил да игра против Реал Мадрид во Суперкупот

Шпанските медиуми пишуваат дека дефанзивецот на Барселона, Роналд Араухо им открил на соиграчите дека нема да го продолжи договорот и ја прифатил понудата на Јувентус.

Медиумите пишуваат дека Уругваецот му кажал на тренерот Ханси Флик дека не сака да игра против Реал Мадрид во шпанскиот Суперкуп поради ситуацијата во која се наоѓа.

„Газета дело Спорт“ пред неколку дена објави дека Араухо ја прифатил понудата на Јувентус, каде што ќе игра на позајмица до крајот на сезоната, а потоа калчолигашот мора да го откупи.