Поранешниот голгетер на Интер и Лацио објави крај на кариерата

Аргентинецот, Мауро Зарате објави дека ја завршува својата кариера како фудбалер на 37 години.

Зарате одлични настапи прикажуваше во дресот на Лацио во италијанската Серија А, го носеше дресот уште на: Интер, Фиорентина, Бока Јуниорс, Велез Сарсфилд, Вест Хем, Вотфорд..

Кариерата Аргентинецот ја завршува како фудбалер на Данубио за кој последниот натпревар го одигра во 2023 година.

Иако играше на највисоко ниво во Европа, Зарате не доби шанса да го носи дресот на аргентинската репрезентација.