Ден кој ќе го памети: Навивач на Ливерпул денеска играше против „црвените“ на „Енфилд“
Вудс кој е голем навивач на Ливерпул гостуваше со својот тим на „Енфилд“ во рамките од првото коло во ФА Купот, а на теренот во домот на својот омилен клуб одигра 63 минути.
По натпреварот Вудс имаше прилика да се сретне и со тренерот на „црвените“, Арне Слот кој му ја исполни големата желба и се фотографираше со него.
Кога е натпреварот во прашање, Ливерпул ја оправда фаворитската улога со убедлива победа од 4-0 и така обезбедија место во следната фаза. Погодоците за фаворитот ги постигнаа: Диого Жота, Арнолд, Данс и Киеза.