Кварацхелија побарал трансфер, а веќе ги договорил условите со новиот клуб

Една од најголемите ѕвезди на Наполи, Квича Кварацхелија побара да замине од калчолигашот, а веќе ги договорил личните услови со францускиот гигант ПСЖ.

Тренерот на Наполи, Антонио Конте потврди дека Кварацхелија сака да замине во јануари, па во следниот период клубовите ќе преговараат за отштетата.

„Кварацхелија побара да замине од клубот. Зборував со него и ми потврди дека сака да го напушти тимот“, кажа Конте.

Грузиецот има договор до 2027 година со поранешниот италијански шампион, а наводно може да го напушти Неапол за сума од 80 милиони евра.