НБА-ѕвезда заработи 284 милиони долари, а не сака да плати 10.000 за дадилка!

Џими Батлер поминува низ хаотичен период во својот живот. Тој јавно кажа дека сака да го напушти Мајами хит, по што клубот го суспендираше, а очигледно има проблеми и во приватниот живот.

Батлер има три деца со Кејтлин Новак и им плаќа 55.000 долари месечно, но одбил да плати уште 10.000 долари за дадилка.

Целиот случај заврши на суд и адвокатите на кошаркарот сметаат дека Батлер не е виновен, односно неговата поранешна љубовница мора да си најде работа.

„Мора да се нагласи дека таткото и мајката никогаш не биле венчани, што значи дека мајката нема исти права како да била венчана со кошаркарот. Мајката одбива да најде работа“, тврдат адвокатите.