Драма во Вардар: Ја спукаа Миленко и здружението на навивачи - блокиран тренинг кампот!

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар повторно поминува низ турбулентен период, по обвинувањата на здружението на навивачи дека директорот Миленко Неделковски забранил влез на официјални лица на маркетинг тимот.

На официјалната страна на Инстаграм на клубот беше објавено дека Неделковски го прекршил договорот потпишан меѓу „здружението 35 години Вардарци“ и сопственикот Атила Бижен Жалили.

Поради одлуката на извршниот директор на Вардар беше блокиран тренинг кампот, а целта на Собранието е целосно почитување на одлуките произлезени од договорот од страна на Неделковски.

На профилот на „Комити87Скопје“ беше испратен повик до навивачите да дојдат пред тренинг кампот во Хиподром и да го покажат незадоволството.

„Во знак на револт и протест, ги повикуваме ВЕДНАШ сите наши членови, екипи и навивачи на клубот, да дојдат пред тренинг кампот во Хиподром.

Денес им беше забранет влезот за сите официјални членови на Маркетинг тимот на клубот, како и за сите останати членови на групата!

Нашиот одговор е јасен:

НЕМА ДА БИДЕ ДОЗВОЛЕН ВЛЕЗ/ИЗЛЕЗ додека не се решат сите проблеми во клубот и не се испочитува договорот потпишан помеѓу Здружението ,,35 години Вардарци" и Атила Бижен Жалили!

СИТЕ ЕКИПИ - СЕКОЈ ЧЛЕН! СИТЕ ПРЕД ТРЕНИНГ КАМПОТ“, објавија „Комити87Скопје“.