Ѓоковиќ изненади: Моника Селеш ми е ментор неколку години

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ пред почетокот на Австралија Опен зборуваше за тоа кои лица биле алтернативи за негов тренер пред да го избере Енди Мареј.

Некогашниот прв светски рекет изненади со својот одговор бидејќи ја посочи Моника Селеш со која, како што рече, долго време е во контакт.

„Единствено би можел со Моника Селеш, всушност таа ми е ментор подолго време бидејќи во контакт сме неколку години. Кога имав повреди и кога бев дисквалификуван во САД, таа се јавуваше и ми даваше поддршка или мислење. Таа ми е идол, заедно со Пит Сампрас, но секако ми е подрага поради Јелена Генчиќ“, истакна Ѓоковиќ.

Пред повеќе од три децении Селеш беше најдобра светска тенисерка и пред да наполни 20 години, таа веќе имаше осум Гренд слем трофеи.