Ливерпул го распарчи Акрингтон во ФА-купот
Првиот гол на мечот беше дело на Диого Жота во 29. минута, а пред истекот на регуларните 45 минути прекрасен погодок запиша Трент Александер-Арнолд.
Талентираниот Џејден Денс беше стрелец на третиот погодок за „црвените“, додека победата ја потврди Федерико Кјеза во 90. минута.