Менаџерот на Рашфорд пристигна на преговори со Милан

Братот на Маркус Рашфорд, Двејн Мејнард кој е и негов менаџер, денеска пристигнал во Милано каде со челниците на Милан ќе се обиде да договори трансфер или позајмица на напаѓачот на Манчестер Јунајтед.

Двете страни се надеваат дека ќе дојде до договор, но за сето тоа дозвола ќе треба да даде премиерлигашот кој, меѓу другото, ќе треба да продолжи да исплаќа дел од неговата плата. Таа изнесува 315 илјади фунти неделно, а Милан не е во состојба да издвојува толку пари и ако Јунајтед не помогне, минимални се шансите да дојде до договор.

Интерес за Рашфорд покажаа уште Јувентус, Борусија Дортмунд и Галатасарај, но и со нив ситуацијат а е слична како со Милан.