Стоилковска поразена од првата носителка на турнирот во Кенија

Македонската тенисерка Магдалена Стоилковска беше поразена во првото коло на турнирот во Најроби, Кенија од првата носителка Влаерија Страхова со 0-2 во сетови.

Страхова беше незапирлива во првиот сет, односно ѝ дозволи на Стоилковска да освои само еден гем, додека во вториот сет македонската тенисерка даде поголем отпор.

Стоилковска водеше со 3-0 во гемови, но Страхова влезе во одличен ритам и поведе со 5-3, по што следеше голема борба, но на крајот првата носителка славеше со 7-5.