Горазд Михаилов е нов тренер на Беса
На Михаилов ова ќе му биде трет ангажман во Првата лига оваа сезона, откако претходно го тренираше Вардар, а работеше и во Брера Струмица.
„Може да објавиме дека постигнавме договор со Михаилов да го води нашиот стручен штаб. Дел од тимот ќе бидат и Златко Ристов како асистент тренер и Иван Тиосављевиќ како кондициски тренер“, соопштија од Беса.
Беса го заврши првиот дел од сезоната на 10. позиција со 13 бодови, односно еден повеќе од последната Воска Спорт.