Ѓоковиќ го чека пекол на патот кон 25. гренслем титула!

Организаторите на Австралијан опен ги одредија носителите за Австралијан опен, кој е закажан за период од 12 до 25 јануари. Прв носител во машка категорија ќе биде Јаник Синер, додека во женска конкуренција ќе биде Арина Сабаленка.

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ е поставен за седми носител, а тоа значи дека го очекува пеколен пат до освојување на посакуваниот 25. гренслем трофеј.

Ѓоковиќ уште во четвртфинале би можел да се соочи против Карлос Алкараз, Александер Зверев или Синер, кои според обложувалниците се меѓу главните кандидати за титулата.

Србинот во потенцијалното четвртфинале не може да игра против Данил Медведев, Каспер Руд и Алекс Де Минор.

Ѓоковиќ и во осминафиналето го чека тежок предизвик, односно потенцијални ривали се Андреј Рубљов, Григор Димитров, Стефанос Циципас, Томи Пол, Холгер Руне, Уго Амбер, Џејк Дрејпер и Лоренцо Музети.