Раководството на Милан брзало да го отпушти Фонсека пред нова година за да заштеди многу пари

Португалскиот стручњак Пауло Фонсека синоќа доби отказ од тренерската позиција во Милан и многумина се прашуваа зошто е избран овој момент за такво нешто, со оглед на тоа што за четири дена „росонерите“ играат со Јувентус и новиот шеф нема да има доволно време да се подготви.

Причината е од финансиски карактер и се однесува на отштетата што треба да му биде исплатена на Фонсека. Во договорот потпишан во текот на летото, има клаузула дека ако Милан го отпушти Фонсека во првите шест месеци, треба да му исплати отштета само за првата сезона, а ако тоа го направи подоцна, ќе треба да му ги исплати и останатите три години.

Со оглед на тоа што годишната плата на Фонсека изнесувала 2,5 милиони евра годишно, Милан ќе треба да плати само половина од таа сума, а заштедува уште 7,5 милиони.