Манчестер сити го плати 117 милиони евра, а тој во 2024 не постигна гол

Манчестер сити во последниот период е во резултатска криза, а под нивото на кое се очекува да биде во текот на целата е Џек Грилиш.

Имено, неверојатно звучи податокот дека Грилиш во 2024 година не постигна ниту еден гол. За неговите услуги „граѓаните“ платија сума од 117 милиони евра на Астон Вила и тоа е сума која дефинитивно не ја оправда, посебно не во годината која изминува.

Ако во претходната година можеби и играше на некое ниво, оваа неговата форма констатно е во надолна линија. Не е дека не играше за да не постигне гол бидејќи собра 45 настпревари и бидејќи не станува збор за дефанзивец податокот навистина изненадува.

Последниот гол Грилиш го постигна на 16 декември 2023 година.