Конечно добри вести за Барса: Јамал ќе биде подготвен за Суперкупот

Од 8 до 12 јануари во Саудиска Арабија ќе се игра Суперкупот на Шпанија, а Барселона во својот тим ќе го има еден од најдобрите фудбалери Ламин Јамал.

Младиот шпански репрезентативец се повреди пред неколку недели и прогнозите беа дека ќе му треба пауза од повеќе од еден месец. Сепак, рехабилитацијата добро се одвива и тој ќе патува за Азија со остатокот од екипата, во очекување да биде важен дел од тимот.

Барселона во полуфиналето, на 8 јануари ќе се сретне со Атлетик Билбао, а ако успее да победи, во мечот за титулата ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Реал и Мајорка.