Браќа од Молдавија ќе ѝ судат на Македонија против Гвинеја

Македонија денеска од 18 часот игра против Гвинеја во третото коло од Светското првенство (СП) во ракомет.

Судиите на денешниот меч меѓу Македонија и Гвинеја ќе бидат браќата од Молдавија, Игор и Алексеј Ковалчук.

Избраниците на Кире Лазаров досега освоија еден бод на СП, откако ремизираа со Унгарија, по што следеше поразот од Холандија.

Македонија ќе се пласира во следната фаза на ракометниот Мундијал доколку победи или ремизира против Гвинеја.