Ѓоковиќ го реши Лехечка и закажа четвртфинале со Алкараз во Мелбурн

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ славеше со 3-0 во сетови против Јиржи Лехечка во осминафиналето на Австралијан опен.

Ѓоковиќ го реши првиот сет во своја корист со еден брејк на противнички сервис, и тоа во осмиот гем (5-3), по што сервираше за конечни 6-3.

Лехечка го загуби сервисот на почетокот на вториот сет и му дозволи на Ѓоковиќ да создаде предност која беше недостижна до крајот (6-4).

Третиот сет имаше идентичен почеток како и вториот, но овој пат Лехечка го возврати брејкот (1-1), по што се избори за тај-брејк, но таму Ѓоковиќ беше подобар со 7-4.

Ѓоковиќ во четвртфинале на Австралијан опен ќе се бори против Карлос Алкараз.