Ракометарите израдуваа дете кое остана без знамето со сонцето од Кутлеш (ФОТО)

Хрватското обезбедување ги зголеми мерките и беше построго кон македонските навивачи пред натпреварите во арената во Вараждин со цел да им ги одземе знамињата со сонцето од Кутлеш и останати недозволени предмети на Светското првенство (СП).

Едно дете остана без знамето со сонцето од Кутлеш, но потоа беше израдувано од македонските ракометари кои му подарија дрес од репрезентацијата потпишан од сите играчи.

Фото: gevgelizam.mk