Ѓоковиќ одби да даде интервју и замина од теренот (ВИДЕО)

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласира во четвртфинале на Австралијан опен, но потоа се налути и го напушти теренот по мечот со Јиржи Лехечка.

Ѓоковиќ требаше да има интервју со Џим Куриер, но овој пат не се случи такво нешто затоа што Србинот одби да зборува и замина од теренот.

„Ви благодарам што бевте тука и што уживате во спортот“, кажа Ѓоковиќ и замина.

Србинот очигледно беше лут на дел од навивачите кои му правеа проблеми и му пречеа за време на натпреварот со Лехечка и најверојатно тоа е причината поради која не сакаше да даде интервју.