Нова тепачка во НБА: Играч на Хјустон со боречки зафат ја фрли ѕвездата на Мајами (ВИДЕО)

Два дена по тепачката поради која Јусуф Нуркиќ заработи три, а Наџи Маршал четири меча суспензија, во НБА се појавија слични сцени.

Синоќешната програма во НБА лигата ја одбележа големиот инцидент во Хјустон каде Рокитс го пречекаа Мајами. На околу 36 секунди пред крајот во клинч влегоа Амен Томпсон од Хјустон и Тајлер Хиро од Мајами, а играчот на гостинскиот тим заврши на паркетот откако беше буквално фрлен од противничкиот кошаркар.

Во тепачката се вклучија и други играчи, дојде до мешаница, но сето тоа траеше неколку секунди и без видливи последици кај некој од нив, а обезбедувањето ги раздели завојуваните страни. На крај се се заврши со шест исклучувања меѓу кои и тренерот на Хјустон, а Мајами славеше со 104-100.