Затвореници побегнале додека чуварите гледале Барселона-Атлетико!
Бегството било изведено по вечерното пребројување, кое обично се одржува околу 21 часот, истовремено со почетокот на натпреварот. Затворениците ги искористиле околностите, раздвиженоста и звуците поврзани со натпреварот, за да го спроведат својот план. Тие ги разнеле решетките од својата ќелија, потоа се спуштиле со помош на импровизирано јаже направено од врзани чаршафи и избегале надвор од затворскиот круг.
Затворскиот синдикат го обвини затворот во Валенсија, еден од најстарите во Шпанија, за недоволен безбедносен систем. Тие апелираа до властите да се зголеми бројот на чувари за да се спречат вакви инциденти во иднина. Затворската служба отвори истрага за бегството, додека полицијата продолжува да трага по затворениците. Нивниот идентитет и причината за нивната затворска казна не се објавени.
Фудбалот е најпопуларниот спорт во Шпанија, а во саботата Атлетико Мадрид со победа од 2-1 против Барселона се искачи на првото место на табелата во шпанското првенство.