Уште еден тенисер суспендиран поради допинг
20-тиот на светот во парови, 26-годишниот Пурсел призна дека користел „забранета метода“ и побара привремена суспензија на 10 декември, не откривајќи дополнителни прекршоци.
Привремената суспензија започна на 12 декември и ќе биде актуелна се до донесувањето на конечната одлука.
Пурсел го освои Вимблдон во 2022 со својот сонародник Мат Ебден, потоа и Ју-Ес Опен во 2023 со Џродан Томпсон.
Ќе потсетиме, оваа година претходно поради допинг скандали во центарот на вниманиеито беа Јаник Синер и Ига Швјонтек.