Уште една лоша вест за Аморим: Познато колку ќе паузира Маунт

Mejсон Маунт не може без проблеми, англискиот фудбалер заработи нова повреда и го чека долга пауза.

Од Англија денеска пристигна потврда дека Маунт ја повредил задната ложа и неговата состојба се влошила со истиот мускул кој го мачи поодамна и го чека пауза од најмалку два месеци, можеби и до десет недели.

Маунт повредата ја почувствува во дербито против Манчестер сити минатиот викенд и ситуацијата е полоша отколку што се прогнозираше.

Така Маунт ќе мора да оди на нова пауза, трета од почетокот на сезоната бидејќи имаше такви проблеми во текот на септември.

Ќе потсетиме, Маунт од почетокот на сезоната поради задната ложа паузираше се од крајот на ноември 2023 до средината на март за потоа да ја обнови повредата во текот на април и никако да не се врати во вистинската форма.