Мите Цикарски четврто засилување за Вардар
Искусниот дефанзивец, Мите Цикарски е ново име во редовите на Вардар и за него ова е враќање во клубот каде што ја започна професионалната кариера.
Цикарски зад себе има богато искуство во странство во клубови од Кипар, Романија и Грција, додека во Македонија настапуваше уште за: Работнички, Брера (Акаемија Пандев) и Македонија Ѓорче Петров од каде што доаѓа во редовите на „црвено-црните“.
„Знам што значи да се носи дресот на ФК Вардар. Знам колку тежи овој дрес. Среќен сум што се враќам на местото каде што започнав. Очекувањата за новата сезона се високи. Знаеме каде припаѓа клуб каков што е ФК Вардар. Се надевам на успешна полусезона и да го искачиме ФК Вардар таму каде што му е местото, во врвот на македонскиот фудбал“, изјави Цикарски.
Претходно Вардар се засили со Михаил Маневски, Ѓорѓи Јанкулов и Михал Пинтер.