Мбапе влегува во форма: Го допрев дното и сфатив дека мора да сум подобар
Посебно добар Реал беше во воедниот дел од натпреварот и во половина час „кралевите“ постигнаа три гола. Стрелаа Килијан Мбапе, Федерико Валверде и Родриго, четвртиот погодок во второто полувреме беше дело на Брахим Дијаз.
По натпреварот задоволен од своето издание беше и францускиот голгетер кој полека влегува во форма бидејќи постигнуваше голови на последните четири натпревари.
„Знам дека имам уште многу да покажам во нозете, играв подобро во последните натпревари. Натпреварот со Билбао добро ми дојде, го допрев дното, промашив пенал и дојде време дека треба да сфатам дека морам да дадам се од себе за овој дрес“, изјави Мбапе.
Од почетокот на сезоната Мбапе во Ла Лига вкупно постигна десет гола и запиша две асистенции.