Фјури: Усик порано доби подарок за Божиќ - од судиите!

Тајсон Фјури не може да се помири со новиот пораз од Александер Усик, смета дека вистинскиот победник требало да биде тој.

И овој меч меѓу Усик и Фјури траеше 12 рунди, судиите едногласно решија дека Украинецот е победник. Тајсон не се согласува со тоа, а и многумина бокс ескперти сметаат дека исходот требаше да биде поинаков.

Фјури во револт брзо го напушти рингот и не сакаше да даде изјава во салата. Но подоцна даде за некои англиски медиуми.

„Мислам дека победив најмалку со три рунди повеќе“, рече Тајсон Фјури за „Скај Спортс“.

„Тој порано доби мал Божиќен подарок од овие судии“.

„Мислам дека јас ги добив и двете борби... додека умрам ќе верувам дека ја добив таа борба“.