Партизан парираше три четвртини, па се распадна против Ефес
Партизан го отвори мечот на одличен начин и првата четвртина ја доби со 27-20, а водството го чуваше сè до последната четвртина, кога Анадолу Ефес се разигра и го скрши ривалот.
Ефес во последната четвртина со чудесна игра на паркетот го надигра Партизан, кој не успеа да го одржи ритамот (77-86).
Османи постигна 25 поени за победничката екипа, додека Тајрик Џоунс запиша 23 поени за Партизан.