Преговорите започнале: Чави може да го преземе гигантот од Серија А!

Шпанскиот стратег Чави Ернандез наскоро би можел да се врати на тренерската работа, најавуваат дел од странските медиуми.

Наводно, Чави започнал преговори со екипата на Милан каде што пред отказ е Португалецот, Пауло Фонсека.

Фонсека е под притисок на резултатите и добива многу критики, па засега изгледа дека нема да се задржи уште долго. Чави од друга страна е без клуб од минатото лето кога се раздели со Барселона.

Доколку Чави навистина го преземе Милан тоа за него би бил прв ангажман во Италија откако претходно од 2019 до 2021 година го водеше тимот на Ал Сад.

Со Барселона Чави ја освои титулата во првенството, Суперкупот на Шпанија, а беше отпуштен по конфликт со претседателот Лапорта.