Австрискиот фудбалер кој беше претепан би можел да ја заврши кариерата
35-годишниот фудбалер учествуваше во тепачка со 23-годишно момче која се случила рано наутро во шест часот пред дискотека во Виена.
Фудбалерот се здоби со фрактура на черепот откако удрил со глава на подот.
Според најавите од Австрија, Бургшталер можеби ќе биде приморан да ја заврши својата фудбалска кариера поради повредите.
Тој веќе има 35 години, а рехабилитацијата ќе биде подолга, па прогнозите се дека ќе се откаже од враќање на фудбалот. Наскоро ќе донесе конечна одлука.