Фудбалер на Барселона одиграл најмногу натпревари во 2024 година
Кунде во своите нозе во изминатата година досега има 69 натпревари во кои вкупно собра 5872 минути и зад себе го остави Џон Ариас од Фламиненсе кој на 67 натпревари на теренот помина 300 минути помалку.
Веќе во сабота Кунде би можел да дојде и до 70 натпревар во сезоната ако настапи во натпреварот против Атлетико Мадрид. Трет на листата е Федерико Валверде од Реал Мадрид со 66 натпревари, а во топ пет се уште Николас Отаменди од Бенфика и Гранит Џака од Баер Леверкузен со по 65 натпревари.