„Детето на Челси“ не мрда од Лондон, потпиша до 2029!
Станува збор за фудбалер кој е „дете на клубот“ бидејќи во академијата се приклучи на само осум години и низ годините се пробиваше во соодветните генерации на лондонскиот клуб.
Неговиот квалитет беше забележан и во текот на летото кога како 18-годишник доби можност да патува со клубот на летната турнеа во САД.
Минатата недела Џош беше стартер и во победата на Челси на гостувањето во Астана во рамките од Конференциската лига, додека за натпреварот против Брентфорд во Премиер лигата беше на клупата за резерви.