ЕХФ ги потврди домаќините на европските првенства во 2030 и 2032 година

Eвропската ракометна федерација (ЕХФ) ги потврди организаторите на европските првенства во 2030 и 2032 година.
 

Домаќини на континенталниот собир во 2030 година ќе бидат селекциите на Данска, Полска и Чешка. Турнирот таа година ќе се одржи од 10 до 27 јануари.

Две години подоцна најдобрите европски селекции ќе се соберат во Франција и Германија во период од 15 јануари до 1 февруари.

Одредени беа и домаќините на Европското првенство првенство во 2032 година во женска конкуренција и тоа се Германија, Данска и Полска. Турнирот е закажан за од 1 до 19 декември.