Денвер испушти +23, ама Јокиќ и Мареј ја спасија победата (ВИДЕО)
Натпреварот имаше исклучително интересен тек бидејќи во првото полувреме доминираа гостите, на стартот од втората четвртина водеа и со 23 поени разлика за потоа да дозволат Кингс да се вратат во игра и да направат интересна завршница. Сакраменто не само што ја достигна високата негатива, туку во последната четвртина имаше и +10.
На три минути пред крајот беше 122-114 за домашниот тим, но тогаш се разигра Мареј и со Јокиќ кој беше стандардно добар цел меч се погрижија за нов пресврт. Денвер направи серија од 9-0 за преземање на водството, а клучниот кош го постигна Мареј на девет секунди пред крајот на мечот. Дерозан го имаше последниот шут на мечот, но беше непрецизен.
Иако најголемите заслуги за победата одат кај Мареј и Јокиќ, цела екипа на Денвер одигра квалитетен меч. Мареј беше најефикасен со 28 поени, Јокиќ оствари трипл дабл со 20 поени, 14 скока и 13 асистенции, Гордон постигна 24 поени, а Вестбрук беше на скок од нов трипл дабл (18 поени, 10 асистенции, 9 скока). Кај Сакраменто се истакнаа Фокс со 29 поени, како и Сабонис со 28 поени и 14 скока.
РЕЗУЛТАТИ
Шарлот - Филаделфија 108-121
Детроит - Мајами 125-124
Бруклин - Кливленд 101-130
Торонто - Чикаго 121-122
Сакраменто - Денвер 129-130
ЛА Клиперс - Јута 144-107