ВАДА не попушта: Синер мора да биде суспендиран!
Директорот на ВАДА, Оливие Нигли испрати јасна порака дека нема да дозволи случајот да се заташка и бара суспензија за италијанскиот тенисер.
„Првичната одлука е дека Синер нема одговорност, но нашата позиција е поинаква. Ние сметаме дека постои одговорност затоа што играчот носи соработници во неговата околина“, вели директорот на ВАДА.