Алкалоид се мачеше едно полувреме, па го прегази Бутел
Бутел даде голем отпор во првото полувреме, па имаше и предност од 11-8, но избраниците на Кире Лазаров се разбудија во завршницата и го свртеа резултатот во своја корист пред паузата (16-15).
Алкалоид во вториот дел го контролираше нападот, а мечот го реши со серијата од 5-0 кога избегна на убедливи 27-19, по што Бутел до крајот на натпреварот не успеа да ја врати неизвесноста (32-24).
Најефикасен во победничкиот тим беше Мартин Серафимов со седум голови, додека Иван Николов запиша девет погодоци за Бутел.