Аргентина лесно го совлада Јордан, Австрија се спаси од пораз против Алжир (ВИДЕО)
Актуелниот светски шампион од стартот го наметна своето темпо и ја контролираше играта на теренот, а до водство стигна преку Ло Селсо во 19. минута.
Лаутаро Мартинез по половина час игра зголеми на 2-0 за Аргентина, по што следеше подобра игра од Јордан во вториот дел. Тоа им донесе гол преку Тамари во 55. минута и ја врати надежта на неговите сонародници.
Аргентина, сепак, во завршницата од дуелот, односно преку Лионел Меси во 80. минута погоди за 3-1.
Австрија постигна гол за водство преку Марко Арнаутовиќ. Сепак, Алжир не чекаше долго за одговор и набрзо одговори преку Белгали.
Сабицер во 55. минута со прецизен удар ја врати предноста на својата екипа, но Алжир заигра подобро и преку Марез со два гола направи целосен пресврт.
Алжир беше на праг до победа, но Австрија не се предаваше, па така во 96. минута преку Калајџиќ ги постави конечните 3-3.
Фото: Selección Argentina in English