Ништо од Ѓорѓевиќ: Екс-тренерот на Звезда седна на клупата на Виртус

Црногорскиот стратег Душко Ивановиќ е нов тренер на Виртус Болоња.

Бурни беа последните 24 часа во италијанскиот тим, прво изгубија од тимот на Алба, а веднша потоа тренерот Банки поднесе оставката.

Управата прво ја одби оставката, но откако тој инсистираше да замине се почна потрагата по негов наследник. Се споменуваше Александар Ѓорѓевиќ, но на крајот пристигна Ивановиќ.

Поранешниот тренер на Црвена Звезда и Басконија брзо ги договори условите и беше официјално потврден за нов тренер на Виртус. Дебито ќе го има токму против неговиот поранешниот клуб, Црвена Звезда и тој натпревар се игра утре.