Македонската репрезентација го освои 18. место на Европското првенство
Македонија на крајот го освои 18. место, а зад неа се најдоа Фарски Острови, Турција, Србија, Португалија, Украина и Словачка. Номинално, ова е најслаб пласман на женската репрезентација на Македонија, но само затоа што ова е прво европско првенство на кое учествуваат 24 селекции, а претходно настапуваа по 16.
Реално не е така бидејќи сега македонскиот женски национален тим е на дури шест места од последната позиција на која завршуваше при претходните две учества, во 2012 и 2022 година. На првенството што се одржува во Унгарија, Австрија и Швајцарија, Македонија доживеа два пораза, од Унгарија и Шведска, а ремизираше со Турција што на крајот ѝ го донесе 18. место.