Лоша вест за Ливерпул пред дербито: Слот остана без важен дефанзивец

На екипата на Ливерпул и оди одлично во Лигата на шампионите и Премиер лигата, но сега тимот на Арне Слот се соочува со проблеми бидејќи се повреди Ибрахим Конате.

Репрезентативецот на Франција одигра одличен натпревар против Реал Мадрид, но во последните моменти од натпреварот по еден дуел со Ендрик остана да лежи на теренот.

По завршувањето на средбата можеше да се забележи дека Конте едвај го напушти теренот, а денеска пристигнаа лоши вести за неговата повреда.

Засега не се открива колку точно време ќе биде надвор од терените, меѓутоа тоа ќе биде на подолг период.

„Навистина е фрустрирачки да ја прифатам оваа повреда. Ми следи период на закрепнување, ветувам дека ќе се вратам и повторно ќе играм на највисоко ниво“, изјави Конате.

Викендов Ливерпул го чека дербито со Манчестер сити, а во него „црвените“ влегуваат со осум бода предност на врвот на табелата.