Разрешени сите дилеми: Позната иднината на Пикси!

Селекторот на српската репрезентација, Драган Стојковиќ Пикси останува на клупата.

Во изминатите денови се појавија шпекулации дека Пикси може да ја напушти Србија, а како негов можен наследник се споменуваше Мурицио Сари.

Сепак, сите дилеми околу ситуација ги разреше генералниот секретар на Фудбалската федерација на Србија, Бранко Радујко.

„Имавме разговор со Драган Стојковиќ и уште еднаш потврдивме дека останува селектор. Согласно актуелниот договор ќе продолжиме да соработуваме со заеднички интерес. Кога водите една репрезентација, нормално е да има понуди. Ние не сакаме да се занимаваме со шпекулации, туку со конкретни теми“, изјави Радујко.

Пикси пред Европското првенство кое се играше летово во Германија потпиша нов договор кој има важност до 2026 година.