„Борац Бања Лука е Југославија во мало – доказ дека заедно бевме најсилни!“
Тимот од БиХ со оваа победа стигна до седмиот бод и задржа реални шанси за пласман во следната фаза на натпреварувањето. По ремито против Панатинаикос и победата на Кипар, Борац постигна уште еден подвиг, кој привлече внимание и поради уникатниот состав на тимот. Тренерот на голманите, Синиша Мркобрада, по натпреварот истакна интересен факт – на теренот се нашле фудбалери од сите шест поранешни југословенски републики.
„Можеби денес терминот 'братство и единство' буди мешани чувства, но вечерва за мојот Борац, во една од најголемите победи во историјата, настапија фудбалери од сите шест поранешни југословенски републики. И тоа многу успешно“, изјави Мркобрада.
Во составот на Борац беа српските фудбалери Никола Среќковиќ и Ѓорѓе Деспотовиќ, црногорецот Марко Вукчевиќ, Македонецот Бобан Николов, Словенецот Санди Огринец, Хрватот Дино Скоруп и неколку босански играчи како Стојан Врањеш, Давид Чавиќ, Дамир Хреља и Зоран Квржиќ. Покрај нив, значаен придонес даде и Австриецот Стефан Савиќ.
За историски пласман во нокаут-фазата на Лига на конференции, Борац треба успешно да ги совлада преостанатите два предизвици. На 12 декември го очекува гостување кај Шамрок Роверс, додека во последното коло, на 19 декември, ќе ја пречекаат Омонија на домашен терен.