Мекрегор: Знам дека згрешив, не требаше да ја изневерам мојата жена!

Еден од најпопуларните борци во УФЦ, Конор Мекгрегор неодамна беше осуден за силување на жена, на која ќе треба да ѝ исплати парична отштета.

Мекгрегор ќе мора да исплати 248.000 евра отштета, но најави дека ќе поднесе жалба поради одлуката на судот.

„Луѓето чекаат мој коментар, но ми требаше време. Знам дека направив грешки. Пред шест години, никогаш не требаше да одговорам на нејзините обиди да ме контактира. Требаше да ја прекинам забавата. Никогаш не требаше да ја издадам мојата сопруга која ја сакам најмногу во светот. Колку ѝ да жалам, сè што се случи таа ноќ беше желба на двете страни, никогаш не сум присилил никого на нешто што не сака“, кажа Мекгрегор.