Борусија Менхенгладбах лесно освои три бода против Сент Паули
Двата гола на натпреварот беа постигнати во првите 45 минути, и тоа најпрво Плеа го отвори резултатот во корист на Борусија, а потоа Клаиндинст стрелаше за конечни 2-0.
Екипата од Менхенгладбах се наоѓа на шестата позиција со 17 бодови, односно три помалку од топ-4 на табелата, додека Сент Паули е на 16. место со осум поени.