Шкендија ја освои Битола, Рамадани му пресуди на Пелистер

Шкендија славеше на гостувањето во Битола против Пелистер со 1-0 во 15. коло од Првата лига со што се израмни на врвот на табелата со Гостивар и Силекс по број на освоени бодови.

Двете екипи имаа шанси од почетокот на средбата, но прв до гол стигна гостинскиот состав преку Флорент Рамадани, кој во 36. минута ја затресе мрежата на битолчани.

Пелистер во продолжение од средбата се обиде да ја анулира негативата, меѓутоа не искористи неколку добри шанси. Се закани и Шкендија во финишот од средбата, но резултатот не се промени до последниот судиски свиреж.

Шкендија се наоѓа на делба на првата позиција со Гостивар и Силекс со по 30 бодови, додека Пелистер е на седмо место со 16 поени.