Почна ерата на Аморим: Јунајтед постигна гол за 80 секунди против Ипсвич (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед води со 1-0 против Ипсвич во првиот меч под водство на португалскиот тренер Рубен Аморим.

Аморим немаше долго време за работа со неговите избраници, но очигледно успеал да внесе свежина во екипата, која веднаш резултираше со гол.

„Ѓаволите“ постигнаа гол преку Маркус Рашфорд на гостувањето кај Ипсвич по само 80 секунди од почетокот на мечот.