Ивановски по голема борба елиминиран од квалификациите во Португалија
Ивановски денеска беше немоќен против литванскиот тенисер Вилиус Галубас и загуби во два тај-брејка со 4-7 и 5-7.
Младиот македонски тенисер пред една недела не успеа да се пласира ниту на главниот турнир во Роверето, Италија.
Да потсетиме, Македонецот паузираше една година надвор од терените поради повреда и операција, а неодамна се врати на тенискиот терен.